Брисел предлага проширување на царинската унија меѓу ЕУ и Турција

Европската унија денеска соопшти дека предложила проширување на договорот за царинска унија меѓу ЕУ и Турција, склучен во 1996 година.
Како што јави ТАСС, Еврокомисијата информира дека побарала од Европскиот совет да и додели мандат за отпочнување преговори со Турција за проширување на договорот за царинската унија, кој функционира веќе 20 години.
Според Еврокомисијата, „проширувањето на договорот“ треба да опфати допрецизирање на билатералните норми кои се однесуваат на регулацијата и трговијата со земјоделски производи, како и на одредбите за услужниот сектор и за државните резреви.
Во сооопштението на Комисијата се истакнува дека ваквата иницијатива произлегува од фактот што одредбите од актуелниот договор „се помлаку се во согласност со денешните потреби“.
Турција е петти по големина трговски партнер на ЕУ, по САД, Кина, Швајцарија и Русија. Вкупната годишна трговска размена меѓу земјите членки на ЕУ и Турција изнесува околу 140 милијарди евра.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
