-->
-->
Бременоста и била совршена до 19. недела: Се породив, а кога ми го дадоа детето не можев да престанам да го гледам
-->

Била на седмо небо кога дознала дека очекуваат трето дете. Не ни сонувала дека најубавата вест која ја слушнала ќе и се претвори во болна агонија.
Алексис Фрец (30) од Пенсилванија долго со сопругот мечтаела за трето дете. Желбата им се остварила, а потоа Алексис во 19. недела од бременоста почнала да крвари. Се јавила кај лекарот, а потоа отишла и во друга болница, за да биде сигруна дека се е во ред. Додека чекала на ултразвук,почнала да чуствува болки, а за целото тоа време таа крварела. Болките продолжувале и за неколку минути почнало породувањето.
- Веќе два пати до сега поминав низ породување, а дека мојата мајка е бабица, знам многу за породувањето. Покрај сето тоа, како фотограф неколку пати бев ангажирана да го фотографирам самиот пораѓај. Така да,знам повеќе од просечните жени за тоа. И знаев дека го губам своето бебе. Се трудев да не ја губам надежта, но длабоко во себе, знаев што се случува, вели Алексис во својот блог, додава и дека за време на целата бременост страшно ја лутело тоа што за нероденото дете сите зборувале како за фетус, а не како за бебе.

- Прв пат кога за него рекоа дека е бебе беше на породувањето, кога веќе знаевме дека се е готово, пишува таа.
- Мојот син, Валтер Џоуш Фрец, роден во 21:45 беше совршен.Можев да го видам секое отчукување на малото срце. Никогаш нема да заборавам на тие моменти. Му ги броев прстите и му ја бакнував главата, Беше потполно формиран и се му беше на место, а потоа ми умре во раце, пишува мајката.
Таа, како што вели, решила да ги сподели фотографиите со светот со цел да ја отвори темата за прераното породување со што многу жени се соочуваат, а малкумина говорат за тоа.
- Прерано породување и губиток на детето се теми кои јавноста ги одбегнува. Медицинските сестри со тие деца воглавно се однесуваат како медицински отпад, па многу мајки своето дете нема ни да го видат. Сакам мојот син, иако беше жив само неколку минути, да направи некоја промена во тоа, заклучува несреќната мајка.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
