-->
-->
Бремената девојка ја полил со бензин и ја запалил бидејќи не сакал да стане татко
-->

Еден млад човек бил толку очаен што ќе стане татко, па ја запалил својата бремена девојка, а телото го оставил во шумата.
Ерен Тобен (20) ја завел својата 19-годишна девојка во шумата на периферијата од градот Берлин, со помош на својот пријател Даниел Милер.
Прво ја излажале дека ќе одат да купуваат облека за детето, а кога стигнале во шумата ја нападнале. Почнале да ја маваат со дрва, ја прободеле со нож, а на крајот на полиле со бензин и ја запалиле.
- За него, убиство било решението. Сакал да биде слободен и има живот над кој има контрола. Ја злоупотребил Марија и нејзината љубов кон него, рекла судијката Регина Алекс.
Нејзиното тело е пронајдено еден ден откако е убиена од случаен минувач, а двајцата монструми веднаш биле уапсени и осудени на 14 години затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
