Брегзит: Последен ден преговори пред клучниот ЕУ-самит
Европските и британските преговарачи, и покрај целовечерните разговори, не успеаја да остварат напредок во преговорите за Брегзит. Разговорите ќе продолжат и во текот на денешниот ден, со цел да се дојде до решение пред утрешниот Самит на ЕУ.
Британскиот премиер Борис Џонсон се очекува да го информира кабинетот за текот на разговорите, кои продолжија рано изутрина. Европскиот преговарач Мишел Барние во текот на денот ќе ги информира евркомесарите и евроамбасадорите за текот на разговорите.
Синоќа беше соопштено дека наводно била надмината главната пречка околу ирската граница. Функционери од Европската унија, кои имаат пристап до информациите за преговорите за Брегзит, синоќа информираат дека најголемата пречка за постигнување договор е „речиси решена“. Изворите од ЕУ велат дека главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние рекол дека Ирското Море ќе биде царинска граница меѓу Унијата и Велика Британија, со што ќе се избегне видлива копнена граница на ирскиот остров.
Даунинг стрит 10 синоќешните разговори ги оцени како „конструктивни“, информирајќи дека одреден прогрес бил постигнат, јави Би Би Си.
Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија во Брисел разговараа со цел да се постигне договор за Брегзит, кој е предвиден за 31 октомври, со цел по излегувањето од Унијата, идните односи меѓу Лондон и Брисел да бидат соодветно уредени.
Џонсон сега е во трка со времето со цел да постигне нов договор за Брегзит пред дводневниот Самит. Доколку биде постигнат договор, тој треба денеска да биде објавен, заедно со соодветен правен текст, доколку се сака 27-те членки на ЕУ да го ратификуваат на Самитот.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола