Брегу: Одлагањето на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија претставува ризик
Натамошно одлагање на започнувањето преговори за членство во ЕУ со Албанија и Република Северна Македонија, на кусо речено, претставува ризик, изјави денеска генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу.
– Кој било позитивен момент може брзо да се уништи, доколку и натаму се одлагаат перспективите за членство. Нема подобар момент за почеток (на преговорите) од сегашниот, имајќи предвид дека две членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (РСМ и Бугарија) заеднички го преземаат претседавањето со Берлинскиот процес, со што се зголемува одговорноста на регионот во овој процес, нагласи Брегу на отворањето на 11-от годишен состанок на РЦЦ, што се одржува денеска во Сараево во рамки на средбата на високо ниво на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП).
Брегу нагласи дека минатата година беше многу динамична за РЦЦ, истакнувајќи дека Советот ќе продолжи да работи со истиот „динамичен тон“ и во наредниот период.
– Советот за регионална соработка е подготвен и сака да се справи со кој било предизвик на кој ќе наиде, но тоа не може да го направи без целосна поддршка на партнерите од регионот и Европската унија. Нема потреба да губиме време, за потоа пак да го бараме, нагласи Брегу.
Во обраќање на состанокот, директорката за Западна Европа, Западен Балкан и Турција на Европската служба за надворешни работи, Анџелина Ејкхорст изјави дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува РЦЦ и ги повика партнерите од регионот „да се воздржат од комуникација преку медиумите“ и да се обидат да ги надминат несогласувањата.
Ејкхорст нагласи дека ЕУ сака да го оствари тоа што го вети во областа на поврзувањето, економската интеграција и спроведување на стратегијата за Западен Балкан, во соработка со РЦЦ и сите партнери од регионот.
Учесниците на состанокот ги потврдија годишниот извештај на РЦЦ за периодот 2018-2019 година, како и стратегијата и планот за работа на организацијата за периодот 2020-2022 година, што треба да биде усвоен на состанокот на министри за надворешни работи на СЕЕЦП
Ново на Сител
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

