Бразил им „објави војна“ на комарците и вирусот зика
Бразилскиот претседател Дилма Русеф им објави војна на комарците кои го шират вирусот зика.
Во снимено обраќање до нацијата, претседателката Русеф соопшти дека сабота е прогласена за ден за мобилизација, во кој ќе се вклучат илјадници припадници на бразилската армија и вработените во државните служби.
Сите тие ќе работат на истребувањето на опасните инсекти од домовите и од службените простории и државните канцеларии.
Според Русеф, најголемиот број од комарците се во, или сосема блиску до домовите и живеалиштата на луѓето.
Вирусот зика се поврзува со раѓањето бебиња со ненормално мали глави, сите родени од мајки кои додека биле бремени, биле заразени од овој вирус.
Зика забрзано се шири низ Бразил, каде и прв пат се појави во мај минатата година,но и низ земјите од Латинска Америка и Карибите.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална тревога, откако вирусот е откриен во 14 земји од американскиот континент, а случаи на Зика се регистрирани и во делови од САД, како и во неколку земји од Европа.
Русеф побара од Бразилците сите да учествуваат во битката против комарците „Aedes Aegypti“ koи се пренесувачи на вирусот.
- Станува збор за битка која не смее да се загуби, рече претседателката Русеф, објаснувајќи дека додека не се открие вакцина против Зика, единствена метода со која располага Бразил е жестоката борба против комарците.
Ново на Сител
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот