Бран Старк се враќа во „Играта на престолите“
Бран Старк не се појави во целата петта сезона на серијата „Игра на престолот“, но актерот Ајзак Хемпстед-Рајт во изјава за „Ајриш Емајнер“ потврди дека ликот што тој го толкува се враќа во шестата сезона.
- Не можам да кажам нешто повеќе, освен дека се враќам во шестата сезона, рече 16-годишниот британски актер.
Хемпстед-Рајт најави можност за враќање во серијата уште во една претходна изјава за „Хафингтон Пост“, но сега тоа и официјано е потврдено.
- Работите ќе станат многу интересни со Бран. Има некои интересни визии, откри актерот.
Ваквата најава веднаш поттикна претпоставки на социјалните мрежи за каква тоа „визија“ би можело да се работи.
Инаку, продукцијата на серијата веќе пронашла нови локации во Шпанија за снимање на шестата сезона. Станува збор за два дворци - „Кастиљо де Зафра“ во Гвадалахара и „Кастиљо Санта Флорентина“ во регионот Гает да Мар.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ