Брачна двојка од Швајцарија ги чистеше охридските плажи и со ѓубрето си замина дома

Сопружници од Швајцарија, големи вљубеници во Охрид, од плажата Љубаништа заминаа со пет вреќи од 120 литри, полни со отпад. Сакале да го искористат сончевото и топло време и да се релаксираат на охридското крајбрежје, на плажа кај Љубаништа. Но, кога стигнале затекнале плажа преполна со расфрлан отпад.
- Вашиот град и природата која го опкружува навистина е прекрасна. Не можеме да сфатиме како можат луѓето да ја уништуваат таа убавина фрлајќи отпад каде ќе стигнат. Затекнавме бројни пластични шишиња, остатоци од храна, дури и детски пелени. Два часа ја чистевме плажата, наполнавме пет вреќи, ги зедовме со нас и потоа на пат кон дома ги фрливме во контејнер. Остана уште отпад на плажата, но повеќе немавме место во автомобилот за да ставиме уште некоја вреќе, велат тие.
Сметаат дека проблемот со расфрланиот отпад насекаде, може ефикасно да биде решен по примерот на земјите во Европа- со чести контроли од страна на инспектори облечени во цивилна облека кои ќе патролираат по плажите и казнуваат, како и со поголема едукација во училиштата со цел подигнување на свеста уште од најмала возраст.
За жал, и покрај бројните апели на екологистите и написи во медиумите, досега ниту е подигната еколошката свест на поединци, ниту пак се преземаат конкретни мерки за трајно решавање на овој проблем, од кој туристите секогаш се непријатно изненадени.
OhridNews
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
