Брачна двојка, чистејќи го станот, пронашла добитно лото-ливче од 1,8 милион долари
Брачна двојка од Луизијана, чистејќи го својот стан пред Денот на благодарноста, пронајде добитно ливче од лотарија.
Тина Еренберг истакна дека пронашла многу ливчиња во ноќното орманче за време на чистењето на домот, кој го подготвувале за семејна прослава на Денот на благодарноста.
Едно од пронајдените ливчиња, речиси две недели пред истекот на рокот, имало добивка од 1,8 милион долари.
– Ги проверивме бројките безброј пати, изјави Харолд Еренберг.
Тој додаде дека постојано очекувале нешто лошо да се случи пред официјално да ја земат наградата.
Двојката живее во Мандевил, гратче во близина на главниот град Батон Руж.
По одбивањето на државниот и сојузниот данок, ќе им останат 1,3 милион долари, кои ќе ги чуваат за пензионерски денови.
– Не планираме некои огромни пазарења, ниту големи патувања, вели госпоѓата Еренберг.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа