-->
-->
Брачен пар донираше возило за Народната кујна во Конче
-->

Брачниот пар Ајрула и Габриела Куртов Гудер донираа возило „пежо партнер“ на Народната кујна од општина Конче, која секој ден подготвува и доставува топол оброк на 70 лица во општината и околните села.
Ајрула Куртов потекнува од Конче, а со донираното возило општина Конче го реши проблемот со досегашното дотраено возило.
Возилото е донесено во Конче и со регулирање на потребната документација ќе биде ставено во функција и на располагање на ЈП „Лакавица“ која со него ќе врши транспорт на топлите оброци.
Инаку, овој брачен пар претходно донираше и рачен алат за потребите на комуналното претпријатие во општина Конче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
