-->
-->
Божиќ се претвори во хаос: Во трговски центар во Австралија, пет лица повредени во стампедо
-->

Пет лица завршија во болница по стампедо во трговски центар во предградие на Сиднеј каде толпата се туркала по балоните во кои имало божиќни подароци.
На видеоснимките се гледаат луѓето кои во трговскиот центар Вестфилд Парамата, се обидуваат да грабнат златни, сребрени или бели балони во кои имало картички за подароци.
Кога толпата навалила, неколку лица паднале вклучувајќи го и лицето облечено како Дедо Мраз.
Џонатан Нот, кој го снимил инцидентот, рече дека се плашел дека некој можел да биде повреден.
„Не изгледаше како безбедно место со оглед на огромната толпа во трката по балони“, додаде тој.
Медицинскиот тим кој пристигнал на местото на настанот пружал помош, и пет од 12-те повредени лица се однесени во болница.
„Три пациенти имаат сериозни повреди, вклучително и трауматски повреди на градниот кош, болка во вратот и грбот, како и гадење и вртоглавица", велат медицински извори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
