Боздаг: Европскиот суд нема право да решава по жалби за референдумот во Турција
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави денеска дека Европскиот суд за човекови права нема јурисдикција да носи одлуки по жалби поднесени во врска со референдумот во Турција за проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) вчера соопшти дека може да поднесе жалба со барање за поништување на референдумот до Уставниот суд во земјата или до Европскиот суд за човекови права.
Партијата ја најави својата жалба откако Високата изборна комисија ги отфрли нејзините и приговорите на уште две други партии - Демократска партија на народите и Татковинската партија, против резултатите од референдумот.
Опозицијата изрази остри критики од одлуката на изборната комисија, која е усвоена во последен момент на денот на гласањето, да ги прифати како валидни гласачките ливчиња без официјален печат на нив.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност