Боздаг: 32 илјади уапсени во Турција при истрагата за обидот за преврат
Турските власти уапсиле 32.000 лица во рамки на истрагата против членови на таканаречената ФЕТО (Фетулахистичка терористичка организација), изјави денеска турскиот министер за правосудство Бекир Боздаг.
Во интервју за турската телевизија НТВ, Боздаг вели и дека против 70.000 се покренати постапки под сомнение за поврзаност со исламскиот проповедник кој живее во САД, Фетулах Ѓулен, а којшто турската влада го обвинува дека стои зад обидот за преврат во Турција на 15 јули, пренесе БТА.
- Турција гради нов суд во градот Синџан, близу главниот град Анкара, а во план се и други правосудни установи, каде што ќе им биде судено на сите следбеници на Ѓулен, вмешани во обидот за преврат, додаде Боздаг.
Турција го смета движењето на Ѓулен за терористичка организација.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата