-->
-->
„Бота сот“: Убиен сведок на Специјалниот суд за злосторства на ОВК
-->
Некогашниот припадник на ОВК Бедри Цури, чие тело е пронајдено кај Глоговац, бил веројатен сведок на Специјалниот суд за злосторствата на ОВК, пишува приштинскиот весник „Бота сот“.
Полицијата е без коментар, јави РТС.
Приштинскиот весник, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека Цури најверојатно бил убиен бидејќи бил сведок на новиот суд, пред кој наскоро ќе се најдат поранешни лидери на ОВК, за да одговараат за воени злосторства.
Бедри Цури е убиен кога одел во посета на семејството кое живее во близина на Глоговац.
Полицијата не сакаше да ги коментира наводите на приштинскиот весник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК