Бошњаковски: Време е политичките субјекти да покажат одговорност за моментот во кој се наоѓа Македонија

Време е сите политички институции во Македонија, вклучително и претседателот Иванов, да покажат елементарна политичка одговорност за моментот во кој се наоѓа Република Македонија, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со денешната писмена изјава на претседателот Ѓорге Иванов дека неговиот став за договорот за името останува непроменет и повикот до премиерот Зоран Заев веднаш да поведе постапка за импичмент против него.
Бошњаковски уште еднаш повтори дека граѓаните на референдум ќе го кажат последниот збор и оти нивната волја ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти во државата.
- Волјата на граѓаните изразена на референдум ќе биде обврзувачка на политичките субјекти. Но, за да граѓаните можат да ја изразат својата волја слободно, потребен е политички амбиент којшто тоа ќе им го овозможи. Апелираме до сите политички субјекти да им остават простор на граѓаните да ги изнесат нивните аргументи во јавноста. Нека ги убедат во било што сметаат дека е правилно. Граѓаните се тие кои што ќе одлучат, рече Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
