Бошњаковски: Химната, грбот и знамето нема да се менуваат, личните документи и пасошите ќе се менуваат
Интерпретацијата од грчката Влада на делови од Договорот не соодветствува со оригиналните делови , велат од македонската Влада.
„Договорот не предвидува транскрипција на новото име на латинично писмо, како што напишаа грчките медиуми, повикувајќи се на толкување од нивната Влада, туку новото име ќе биде преведено на сите јазци. За македонскиот јазик нема да има фуснота во ОН“ вели портпаролот Миле Бошњаковски.
Тој вели дека во Договорот има член во кој пишува дека македонскиот јазик припаѓа на словенските јазици, но нема да има фуснота во Обединетите Нации.
„Химната, грбот и знамето нема да се менуваат, ниту биле дел од преговорите. Личните документи и пасошите ќе се менуваат, но кога ќе истече важноста на патната исправа.Договорот предвидува користење на придавката „македонски“, а називите на државните институции ќе треба да го следат новото име на државата.“ нагласи Бошњакоски.
Ново на Сител
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз