Бошкоски до Мицкоски: Доколку сакате да се објасниме за инвестициите, ви стојам на располагање

Реакција на Љубе Бошкоски на изјавата на Христијан Мицкоски.
Со целосна почит кон Вас, но забележувам во последно време некако сте опседнати со мене, па се почесто го изговарате моето име, а притоа морам да констатирам дека не сте добро информирани и намерно или не ширите дезинформации.
Јас, како основач на ВМРО-ДПМНЕ и човек кој е 30 години ВМРО, со цела почит кон Вас, ама не ве познавав до неодамна и прв пат ве видов на телевизија пред некое време.
Но, побитно е дека како човек кој замислува дека ќе стане некогаш премиер, треба да разликувате што е министер за странски инвестиции, а што е советник за странски инвестиции.
Господнине Мицкоски, тоа значи дека јас советувам, немам обврска да носам странски инвестиции.
Но и покрај тоа, инвестиции има да ги броите цел ден, дел донесени и од мене. Сите се дојдени поради добрата бизнис клима која се создаде после пеколот што го направи вашиот ментор во бегство.
Инвестиции има поради крајот на еден режим за кој вие по се изгледа уште не сте свесни со оглед дека кажувате за методи за влечење некого за ракави.
Со сета почит, господине Мицкоски, но мислам дека малку сте ја згрешиле стратегијата. Сега е дозволено и добро е да се критикува, но пред тоа треба да се извините и да се оградите од досегашното владеење на вашиот ментор.
Без тоа, господине Мицкоски, со сета почит и најдобронамерно сакам да ви кажам дека вашиот рок на траење ќе биде само уште неколку месеци.
Доколку сакате да се објасниме за инвестициите, вклучувајќи ги и тие во хидроцентралите ви стојам на располагање, на било која телевизија и во било кој термин.
Ако сте толку убедени дека сте лидер, прифатете ја поканата и очекувам многу брз одговор.
Ново на Сител
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
