-->
-->
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-->
Бундеслигашот Борусија Дортмунд ќе биде без својот фудбалер Никлас Шуле неколку месеци, откако дефанзивецот го повреди зглобот, изјави тренерот Нури Сахин пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампиони против Барселона.
Отсуството на Шуле доаѓа кратко време откако само што закрепне од повредата на глуждот на 30 ноември на првенствениот натпревар против Баерн Минхен, но ја обнови повредата во саботното реми (1-1) против Борусија Менхенгладбах.
„Вестите, за жал, не толку добри вести. Ќе паузира неколку месеци. Тој има сериозна повреда. Тоа е истата повреда, изјави Сахин.
Борусија Дортмунд, која е на шестото место во Бундеслигата, со месеци има проблеми со повредени, а во еден момент клубот остана без дури 10 играчи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието по скратена постапка го донесе Законот за вториот дел од унгарскиот заем
-
Песов: Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија
-
Светска програма за храна: Итно се потребни милијарди долари за да се реши проблемот со жариштата на гладта во светот
-
Путин: Западот ја турка Русија на црвената линија, Москва ќе мора да одговори
-
1.036 производи во „Новогодишната кошница“ - Пазарниот инспекторат констатирал ситни пропусти
-
Со автомобил удриле во бетонски ѕид, 80-годишен сопатник загина a возачот е тешко повреден
-
Таравари: Се анализира работата на директорите во јавното здравство
-
До четврток стабилно и релативно топло време