Борозан останува во Вардар и следната сезона

Ракометниот клуб Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката.
Корпулентниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.
Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот, информира РК Вардар.
Борозан го носеше дресот на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година. Како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, три Купа, трипати СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.
Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.
Ново на Сител
-

Возрасни лица имале полови односи со малолетник кој се оддалечил од Установа за згрижување деца
-

Во Германија мнозинството се под кирија, во Македонија 93 отсто од домаќинствата имаат сопствен дом
-

Мицкоски: Економијата расте, дизелот е поевтин од многу поразвиени земји, а БДП ќе надмине 21 милијарда долари
-

20-годишник ја вознемирувал малолетната девојка, таткото пријавил дека имал и полов однос со неа
-

Претседателските избори во Србија закажани за 27 декември
-

45-годишен возач со „ауди“ прегази 15-годишна девојка во Скопје
-

Андоновски: Потребен е национален дата-центар, не смееме да зависиме од сервери во 40 објекти
-

Македонија прва од Западен Балкан го заврши техничкиот дијалог со ЕК за „Роаминг како дома“
