Борозан останува во Вардар и следната сезона

Ракометниот клуб Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката.
Корпулентниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.
Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот, информира РК Вардар.
Борозан го носеше дресот на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година. Како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, три Купа, трипати СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.
Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.
Ново на Сител
-

Мицкоски на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во Ново Село
-

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

На скопскиот аеродром ќе биде испратен три милионитиот патник годинава
-

Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје
-

Путин објави заземање на украинскиот град Северск
-

Трамп: САД ќе присуствуваат на состанокот за Украина ако има шанси за напредок
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
