Борисов: Премиерот е секогаш премиер

Лидерот на ГЕРБ и актуелен бугарски премиер, Бојко Борисов, на прашање од Бугарската национална телевизија (БТВ) изјави дека „премиерот е секогаш премиер“, јави дописникот на МИА од Софија.
Борисов искоментира дека се уште не размислувал за тоа кој ќе го замени на функцијата и потсети дека Маријана Николова, која е вицепремиерка и министерка за туризам, ќе биде одговорна за спроведувањето на парламентарните избори. Тој денеска го посети Димитровград, каде што изврши увид за тоа како се одвива вакцинацијата во помалите населени места и во градот посети и една фабрика за производство и трговија со хемиски производи.
Премиерот Борисов денеска беше придружуван од вицепремиерот Томислав Дончев, кој ќе ја предводи листата на ГЕРБ во Габрово за претстојните парламентарни избори, закажани за 4 април.
При посетата на фабриката за производство и трговија на хемиски производи во Димитровград Борисов соопшти дека владата предвиде речиси две милијарди лева (милијарда евра) за малите и средни претпријатија во земјата за технолошка модернизација, зелена транзиција и дигитализација, согласно Планот за обнова и одржливост на Бугарија.
Вицепремиерот Дончев посочи дека 900 милиони лева ( 450 милиони евра ) од планираните две милијарди лева се од Механизмот за обнова и одржливост, а преостанатите 828 милиони лева ( 414 милиони евра) се комплементарно приватно кофинансирање.
Тој, исто така, предвидува дополнителна поддршка за јаглен и јаглерод-интензивните региони во вредност од речиси 2,4 милијарди лева ( 1,2 милијарда евра).
Премиерот Борисов истакна дека поддршката според зелениот договор ќе ја гарантира иднината на фабриката и ќе ги зачува работните места. Менаџментот на компанијата се согласи дека таканаречената чиста транзиција кон климатска неутралност до 2030 година е исклучително важна за ЕУ и ја изрази намерата да работат активно во оваа насока.
Ново на Сител
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
