Борисов до Ковачевски: Решете ги важните прашања, не ги повторувајте нашите грешки
На крајот од официјалната посета на Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски беше примен од лидерот на бугaрската партија ГЕРБ, Бојко Борисов.
На средбата од бугарска страна присуствуваа двајца поранешни министри за надворешни работи, Екатерија Захариева и Даниел Митов, како и поранешниот вицепремиер Томислав Дончев, информираше дописникот на МИА од Софија.
Уште на почетокот на средбата Борисов ја напомена улогата на Бугарија за рестартирањето на процесот на евроинтеграции на Западен Балкан, кое започна за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година.
Тој исто така нагласи, дека целиот демократски западен свет го прифатил потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија во август 2017 година од страна на Борисов и поранешниот премиер Зоран Заев.
За време на разговорот со македонската делегација, предводена од премиерот Ковачевски, Борисов кажа дека Скопје не треба да ги одложува клучните теми за на крај.
– Тоа беше наша грешка. Важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш. Фатете го бикот за роговите. Решете ги веднаш, истакна Борисов.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица