Борисов: Балканот треба да биде пример во Европа за мир и стабилност

Ние на Балканот сфативме дека не постојат „големи“ и дека регионот треба да биде пример во Европа за мир, стабилност и просперитет, изјави денеска во Варна бугарскиот премиер Бојко Борисов, по средбата со премиерите на Грција и Романија, Алексис Ципрас и Михај Тудосе и со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Борисов рече дека земјите од Балканот сакаат да и помогнат на ЕУ да не се грижи за овој регион, додавајќи дека Бугарија, Грција, Романија и Србија сакаат да промовираат мир и просперитет, во името на своите граѓани и за нивно спокојство и благосостојба, зголемување на приходите, развој на бизнисот и туризмот и реализација на заеднички проекти.
- Фактот што Србија е меѓу нас покажува дека и покрај тоа што се уште не е приклучена кон Унијата, ние сите настојуваме и знаеме дека нејзиното природно место е во ЕУ и дека меѓу Грција, Бугарија, Романија, Хрватска, Словенија, Австрија и Унгарија не може да остане држава која не е членка на ЕУ, рече Борисов.
Тој посочи дека сите настојуваат овој процес да се забрза, бидејќи, според него, тоа е од корист за сигурноста и мирот на Балканот, но и на цела Европа.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
