Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово

Дваесет и двегодишниот, Борис Стефановски, студент, го извади чесниот крст од Соборниот храм „Свети Никола“. Голем број кумановци се обидоа да го извадат светиот крст во старата градска црква.
- Моментално сум студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, имам уште еден испит. Седма година се обидувам да го извадам крстот. Оваа година очекувам да дипломирам, да се вработам, да работиме со дечиња да имаме здравје да нè чува Господ, овој ден за мене е посебен, рече Стефановски кој доби подароци од општина Куманово, од бизнис заедницата, од црквата.
На повеќе локации во Куманово се организираше положување на крстот.
Претходно во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. Верниците присуствуваа на литургија, дел од нив пресекоа славски колач, си зедоа осветена вода, се помолија за здравје, мир и благосостојба.
Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
МИА
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
