-->
-->
Борис Џонсон се повлекува од трката за премиер на Велика Британија
-->
Се повлекува од трката за премиер поранешниот британски премиер Борис Џонсон со што останува отворен патот на Риши Сунак.
„Во изминатите неколку дена, за жал, дојдов до заклучок дека едноставно не би било правилно. Не можете ефективно да владеете ако немате обединета партија во Парламентот“, рече Џонсон. Тој собра 100 потписи за поддршка од пратениците на владејачката Конзервативна партија, доволно за продолжување на изборната трка.
Сунак (42) кој беше министер за финансии вчера потврди дека учествува во трката за премиер откако ја доби поддршката од 124 пратеници од Конзервативната партија.
Во Велика Британија премиер станува лидерот на владејачката партија.
Изборот на нов премиер е по оставката на Лиз Трас, која на таа функција беше нешто повеќе од еден месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
