Борис Џонсон: Излегувањето од ЕУ не значи напуштање на Европа

Новиот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска изјави дека излегувањето од ЕУ не значи и напуштање на Европа, пренесоа светските агенции.
- Има огромна разлика меѓу излегувањето од ЕУ и нашите односи со Европа, кои ќе станат поинтензивни, рече Џонсон.
Ова беше неговата прва изјава откако вчера стана јасно дека тој ќе ја преземе функцијата шеф на дипломатијата.
- Се разбира, ние ќе ја исполниме волјата на народот, што беше изразена на референдумот, но тоа воопшто не значи дека ќе ја напуштиме Европа, рече тој.
Џонсон изрази надеж дека неговата земја може да има дури и поголема улога во Европа.
Тој изјави дека телефонски разговарал со американскиот државен секретар Џон Кери, кој целосно се согласил со неговото гледање за поголемата улога на Велика Британија во Европа и во светот по Брегзитот.
- Ми беше многу пријатно кога ме побара американскиот државен секретар Џон Кери, кој е наполно согласен со мојата проценка. Неговото гледање е дека по Брегзитот и по преговорите, тој сака Велика Британија повеќе да биде присутна зад граница, да има поголем глобален профил, изјави Џонсон.
Џонсон кажа дека неговиот француски колега Жан-Марк Еро само пред неколку часа му испратил шармантно писмо, во кое вели дека очекува двајцата да работат заедно и да ја продлабочат англиско-француската соработка во сите области.
Во однос на различните реакции на неговото назначување на функцијата Џонсон потсети дека резултатите од референдумот од 23 јуни, исто така, биле неочекувани во европските канцеларии.
Зборувајќи за тоа тој сликовито кажа дека „заради гласањето како тоа на референдумот од 23 јуни падна гипсот од таваните во европските канцеларии“, пренесоа француските медиуми.
- Тоа не беа резултатите кои тие ги очекуваа и сега тие своето гледање слободно и отворено го изразуваат, изјави Џонсон на адреса на различните европски реакции за неговата номинација.
По повод телефонскиот разговор меѓу Кери и Џонсон, Белата куќа соопшти дека двајцата се согласиле дека американо-британската специјална врска сега има посуштинско значење од кога и да било претходно. Тие ветиле дека тесно ќе соработуваат како сојузници во НАТО, за да се справат со предизвиците пред кои се исправени и да ги исполнат своите обврски низ светот, пренесе ДПА, цитирајќи го портпаролот на Белата куќа Џон Керби.
Кери ја изразил поддршката за добро обмислен Брегзит и кажал дека САД ќе продолжат да се ангажираат во овој процес.
Кери и Џонсон следната недла ќе се сретнат во Брисел.
Ново на Сител
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
-

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште
-

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро
-

Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
-

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш
-

СП 2026: Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива
-

Руте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
-

ИНСТАТ: Значително намален интересот за добивање албанско државјанство во 2025 година
