Борел: Време е Косово и Србија да преминат во нова европска ера

Крајно време е и Косово и Србија да го прекинат маѓепсаниот круг на кризи и тензии и да преминат во нова европска ера, па затоа очекуваме од нивните лидери без натамошно одлагање да покажат одговорност, визија и лидерство во постигнувањето напредок во имплементација на Договорот за патот кон нормализација на меѓусебниот односи склучен во Охрид на 18 март 2022 година, се наведува во пораката на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел по повод годишнината постигнувањето на спогодбата.
– Договорот нуди подобра иднина за граѓаните на Косово и Србија и за целиот регион. Тоа е шанса што не треба да ја пропуштат.
Европската Унија останува подготвена да им помогне на Косово и на Србија во секој чекор од патот, но тие се оние кои треба да ги преземат тие чекори и да се движат напред, вели Борел во пораката.
Според Борел, како што јави дописникот на МИА од Брисел, постигнувањето договор што ветува мир, стабилност и добрососедски односи меѓу Белград и Приштина во време на невидена тотална војна на европскиот континент, претставуваше значајно достигнување, бидејќи првпат за време на дијалогот со посредство на ЕУ, двете страни се согласија за јасни параметри кои ја дефинираат траекторијата на процесот за нормализирање на нивните односи.
– Овој договор и неговата имплементација јасно демонстрираат дека иднината на двата партнера е во Европската Унија.
Но, жално е што и покрај големите напори на ЕУ и пошироката меѓународна заедница, досега имаше многу ограничен напредок и од Косово и од Србија во имплементацијата на обврските што ги прифатија со овој Договор, наведува Борел.
Тој нагласува дека ЕУ постојано потсетуваше оти Договорот е во целост обврзувачки согласно меѓународното право и затоа „секој недостиг на имплементација“ не само што ја загрозува европската интеграција на страните, туку им нанесува и штети на нивната репутација како кредибилни и доверливи партнери.
Со Договорот постигнат во Охрид се предвидуваат конкретни чекори за имплементација на договореното во Брисел на 27 февруари, со цел е да им се помогне на Белград и Приштина да направат напредок во нормализацијата на нивните односи.
Конечната верзија на Охридскиот договор беше усогласена по околу 12 часа преговори меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со посредство на Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
На разговорите во Охрид беа присутни и претседателот Стево Пендаровски, тогашниот премиер Димитар Ковачевски и американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
