Борел: Светот во 2022 година стана полошо место за човековите права
Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика Жозеп Борел вчера на својот блог напиша дека минатата година „светот станал полошо место” поради кршење на човековите права, судирите и кризите во Украина, Иран, Етиопија, Авганистан, Мјанмар, Кина и на други места.
Според него, 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, светот е поинакво место поради поголемите геополитички поделби, новите технологии што се користат за масовен надзор и репресија и ефектите од климатските промени што иницираат судири.
Мораме да запомниме дека човековите права и демократијата не се вредности што ја дефинираат Европа, туку вредности што го дефинираат човештвото. Исто така, треба да запомниме дека одбраната и промовирањето на човековите права и демократијата започнува дома, истакнува Борел.
Според него човековите права се во основата на односите на ЕУ со остатокот од светот и оти истите се клучен приоритет на надворешната политика на ЕУ.
Формираме опсерваторија за собирање на информации за геноцид, злосторства против човештвото и други сериозни прекршувања на човековите права. Нудиме финансиска поддршка за заштита на бранителите на човековите права од 30 милиони евра за следните три години, наведе Борел.
Тој додаде дека ЕУ мора повеќе да работи против неказнивоста и да обезбеди одговорност преку поддршка за Меѓународниот кривичен суд за руските воени злосторства во Украина.
Други конкретни области ја вклучуваат потребата да се обезбеди дека технологиите за дигитална трансформација и надзор не се користат за ограничување на човековите права, да се продолжи со работа со земјите, кои се најпогодени од климатските промени и да се работи со партнерите за правото на развој и борбата против расната дискриминација, посочи Борел.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
