Борел: Се надевам дека вакцината „Спутник V“ ќе се користи во ЕУ
Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел,за време на неговата посета на Москва, денеска изјави дека се надева дека руската вакцина „Спутник V“ наскоро ќе користи во ЕУ.
Според Борел, „Спутник V“ е „добра вест за човештвото“, јавија руските медиуми и потсетуваат дека вакцината уште во август беше одобрена од руската Влада, а многу земји изразија интерес да ја купат.
Европската унија потпиша шест договори за повеќе од две милијарди вакцини од различни производители, од кои само три се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), но сите производители доцнат со испораките на нарачаните вакцини.
-Сега се надевам дека ЕМА ќе може да ја потврди ефикасноста на руската вакцина за да може да се користи во земјите на Европската унија. Тоа би било добра вест, бидејќи се соочуваме со недостиг на вакцини, додаде Борел.
Американските медиуми наведуваат дека ЕМА се уште го нема добиено барањето за одобрување на вакцината „Спутник V“.
Ново на Сител
-
Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај
-
Фон дер Лајен: Ќе ја посетам Белата куќа кога ќе имаме пакет трговски договор
-
Наполи сака да го ангажира Де Брујне
-
Навики што создаваат јаз во врската
-
Русија на парадата на Црвениот плоштад ги претстави дроновите што ги употребува во војната во Украина
-
Поддршка за измените на Законот за надворешни работи, во второ читање, од матичната собраниска комисија
-
Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга
-
Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење