Борел: Се надевам дека членките на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
Шефот на дипломатијата на Европската Унија, Жозеп Борел, денеска изрази надеж дека земјите членки на ЕУ ќе ѝ дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија, пренесе Ројтерс.
„Повторив дека Украина треба да може да го користи оружјето што ѝ го дадовме, не само за да ги сопре нападите, туку и да ги нападне агресорите. Сè уште верувам дека тоа е она што треба да се направи. Сигурен сум дека повторно ќе разговараме. Се надевам дека земјите членки ќе се договорат за тоа“, рече Борел во пресрет на средбата со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и наводите на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување, Џозеф Бајден, во неделата ја овластила Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел АТАКМС за напади длабоко во руска територија.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место