Борел повика на примирје во Судан, делегацијата на ЕУ се евакуира од Картум
Првиот човек на европската дипломатија, Жозеп Борел, синоќа ги повика двајцата лидери на завојуваните страни во Судан да прогласат примирје и додаде дека ЕУ ја евакуира својата делегација од суданскиот главен град Картум.
Борел на Твитер напиша дека разговарал со началникот на армијата на Судан и де факто претседател Абдел Фатах ал-Бурхан и шефот на паравоените сили за брза поддршка (РСФ) Мохамед Хамдан Дагл.
Шефот на дипломатијата на ЕУ побара и гаранции за безбедна евакуација на граѓаните на ЕУ од Судан.
„Европската унија ја евакуира својата делегација од Картум“, објави Борел на Твитер.
Борел објасни дека амбасадорот на ЕУ, Ајдан О’Хара, кој на почетокот на неделата беше нападнат во Картум, ќе продолжи да работи во Судан.
Борел напиша дека му „олеснало“ што евакуацијата се одвива со поддршка на француската дипломатска служба, француската војска и Џибути.
„Остануваме посветени на замолчување на оружјето и помагање на сите цивили кои останаа“, напиша тој на Твитер.
Ново на Сител
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица