-->
-->
Борел: Помагајќи и на Украина, ЕУ ги исцрпи своите воени резерви
-->
- Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, предупреди дека Европската унија со снабдувањето на Украина со оружје ги исцрпела своите воени резерви.
„Оваа војна беше и повик за будење за сите нас во однос на нашите воени способности. И дававме оружје на Украина, а потоа сфативме дека нашите воени резерви се исцрпени“, напиша Борел на својот неделен блог.
Во меѓувреме, Борел на својот Твитер профил истакна дека податоците на Агенцијата за одбрана на ЕУ (ЕДА) потврдуваат дека „Европејците трошат повеќе за одбрана“.
„Сега мораме да трошиме подобро на одбраната и да соработуваме повеќе за да ја поддржиме Украина, да одговориме на итните потреби и да се подготвиме за иднината“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведено 33-годишно лице за превезување стока без документација
-
Обвинение за возачот кој возејќи со слепило со 99% намалена видна функција усмрти пешак минатата година
-
Косовец кој криумчарел мигранти при обид за бегство од полицијата оштетил две наплатни рампи, па излетал од патот
-
Вардар елиминиран од Лозана во Конференциската лига на УЕФА
-
Кошаркарите без „Северна“ на дресовите
-
Алкалоид на висински подготовки во Маврово
-
Кадетките на Македонија поразени од Словачка на ЕП
-
Бутел со пет нови играчи во составот за новата сезона