Борел: Мора да бидеме подготвени да преговараме
Мислам дека посетата на претседателот Макрон на Москва го означи крајот на ескалацијата. Дали е ова почеток на десекаладата? Мора да видиме, одговори Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност во интервјуза Франс Интер, јави дописникот на МИА.
„Русија игра топло-ладно. Мора да бидеме подготвени да преговараме, доколку можеме, но и да покажеме одвраќање, доколку преговорите не се можни“.
Борел минатата недела кажа дека Европа во моментот го живее најопасниот период од крајот на Студената војна.
„Постои можеби охрабрувачки знак, но од друга страна секогаш има загрижувачки знаци: фактот дека Думата гласаше за предлогот со кој се бара од Путин да признае независна република во Украина, што се потпира на погрешната страна“, објаснува тој.
-Доколку Украина беше нападната, дали мислите дека проблемот би бил „Северен тек -2“. Тоа би било снабдувањето со гас во Европа, рече тој. „Ние добиваме 40 отсто од европскиот гас од Русија“, потсети тој.
Во моментот кога Борел одговараше на прашања од Франс Интер, Русија го потврди крајот на маневрите на Крим.
-Ако е вистина, тоа е нов знак на опуштање, но секогаш е потребно да се провери, забележа дипломатот, додавајќи дека „не бевме ние тие кои собраа војници на границата“
Ново на Сител
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
