Борел ќе се сретне со Курти и Вучиќ со цел смирување на тензиите
Високиот претставник за надворешна политика ќе се сретне со српскиот претседател и косовскиот премиер во Париз каде ќе разговара за намалување на тензиите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Брисел.
Првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, денеска ќе отпатува во Париз за Парискиот мировен форум каде утре ќе има одвоени средби со српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти. Ова е прва физичка средба по последниот бран на ескалација меѓу Белград и Приштина.
Портпаролот на Европската Комисија за надворешна политика, Петер Стано, не откри кои пораки Борел ќе им ги пренесе на Курти и Вучиќ, но рече дека целта е да се помогне да се смири ситуацијата.
-Главната цел е да се продолжат напорите на ЕУ да им се помогне на двете страни да ги смират тензиите и да се деескалира ситуацијата, како и да постигнат напредок во дијалогот, посебно после последната ескалација меѓу Косово и Србија, изјави Стано.
Ново на Сител
-
Во Албанија уапсен водач на картел по запленување на над 700 килограми хероин во пратка сапуни
-
Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд
-
Патријарх Кирил до Русите: Не плашете се од нуклеарно оружје и крајот на светот
-
Израелската армија потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан
-
Христодулидис: Кога сè ќе биде на свое место, Република Кипар да може да стане членка на НАТО
-
Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј испратен до неговото вечно почивалиште на Плаошник
-
Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век
-
Гаши: Собранието е подготвено за донесување на уставните измени, доколку има политички договор