Борел: ЕУ го поддржува планот на Бајден за прекин на огнот во Газа

Европската Унија дава целосна поддршка на сеопфатниот патоказ предложен од американскиот претседателот Џо Бајден, кој би довел до траен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници и доставување на повеќе хуманитарна помош за Газа, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.
– ЕУ ги цени решителните напори на САД, Египет и Катар за олеснување на преговорите за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас, истовремено гарантирајќи ја безбедноста на Израел, на која ЕУ останува целосно посветена, наведува Борел во писмената изјава.
Според високиот претставник на ЕУ, загубени се премногу цивилни животи, па затоа итно е потребен траен прекин на огнот за да се обезбеди заштита на цивилите, безусловно и итно ослободување на сите заложници чија безбедност и благосостојба се загрижувачки и да се зголеми протокот на многу потребната хуманитарна помош во Газа со оглед на продлабочената хуманитарна криза .
– Мирот и стабилноста на Блискиот Исток се во интерес на двата народа, на регионот како целина, како и на глобално ниво.
ЕУ ги повикува двете страни да го прифатат и исполнат предлогот од три фази и е подготвена да придонесе за заживување на политичкиот процес за траен и одржлив мир, заснован на решението за две држави и да поддржат координирани меѓународни напори за обнова на Газа, додава Борел во изјавата.
Американскиот претседател Бајден во петокот предложи план за прекин на огнот во Појасот Газа, кој предвидува три фази.
Првата фаза опфаќа прогласување шестнеделен прекин на огнот, ослободување на дел од заложниците што ги држи Хамас, пред се повозрасни лица, жени и деца во замена за стотици палестински затвореници, враќање на палестинските цивили во Газа и доставување по 600 камиони хуманитарна помош дневно во Појасот.
Втората фаза предвидува преговори за траен прекин на непријателствата меѓу Израел и Хамас во кој период би траело примирјето и третата фаза опфаќа импелментација на план за обнова на Газа.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
