Ракомет
20. December 2015 - 0:40

Борец и Пелистер ги изненадија Работнички и Охрид

Борец го изненади фаворитот Работнички
 
Велес, 19 декември 2015 (МИА) - Попладнево во Велес се одигра претпоследниот натпревар од 14.коло во македонската ракометна Супер лига.
 
Екипата на Работнички иако ја имаше улогата на фаворит во дуелот со Борец, сепак гостите од Скопје доживеаа изненадување, а Борец заслужено славеше победа со 23:20 полувреме 12:15. За велешани пак, ва беше деветиот пораз.
 
Голманот на домаќините Стојаноски со 17 одбрани (13 во вториот дел) , беше најзаслужен за оваа победа на Борец, за кој Мачаваелов постигна 6,  Игнов  5 гола.
 
Второто изненадување го направи Пелистер кој во Битола славеше над Охрид со 30:26.
 
Тебела: Металург 42 бодови, Прилеп 30, Охрид 30, Работнички 27, Вардар Јунниор 18, Борец 16, Пелистер 15, Пролет 15, Радовиш 15,   и Металург 2  1.