-->
-->
Бонучи од Јуве во Милан
-->

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, го договорил трансферот во Милан, објави „Скај спорт“. Трансферот на италијанскиот репрезентативец ќе изнесува 40 милиони евра.
Според истиот извор, менаџерот на Бонучи, Алесандро Лучи, ги договорил сите услови со челниците на Јувентус. Се очекува дефанзивецот в петок да потпише петгодишен договор со Милан и воедно да ја добие капитенската лента.
Бонучи во Милан ќе заработува помеѓу 6,5 и 7 милиони евра годишно, со што ќе стане еден од најплатените фудбалери во Серија А.
Леонардо Бонучи во овој преоден рок ги одби понудите на Манчестер Сити, Барселона и Челзи.
Според италијанските медиуми, честите несогласувања со тренерот Масимилијано Алегри придонеле тој да го напушти шампионскиот тим на Јувантус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
