Болт ја одби понудата на Валета од Малта

Легендарниот јамајски атлетичар Усеин Болт, кој почна да се занимава професионално со фудбал, ја одби понудата на фудбалскиот клуб Валета од Малта да потпише двегодишен договор.
Болт досега тренираше со повеќе екипи меѓу кои и Борусија од Дортмунд, а последните неколку седмици е дел од австралискиот клуб Сентрал коуст маринерс, за кој настапи на неколку натпревари.
Минатата седмица тој ги постигна првите два официјални погодоци во кариерата, а потоа уследи и понудата од Валета, која јамајскиот спортист ја одби.
- Постои голем интерес за Болт и редовно ни испраќаат вакви понуди. Можам да потвдам дека тој нема да замине за Малта, истакна неговиот агент Рики Симс.
Првата австралиска лига почнува в петок, а Сентрал коуст маринерс првиот натпревар го играат в недела. Болт нема да настапи, а доколку потпише професионален договор ќе може да игра од јануари, кога клубовите повторно ќе можат да регистрираат играчи.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
-

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК
-

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
