Болничарка од Куманово прележала корона, сега пак е позитивна!

Медицински работници од кумановската болница кои го прележале коронавирусот и добиле два негативни теста, повторно се инфицирале и добиле позитивен брис, иако мислеле дека вирусот е зад нив, пишува „Слободен Печат“.
Во еден од случаите, станува збор за болничарка која водена од хуманоста отишла да донира крвна плазма за да му помогне на друг човек да се излекува и при стандардните рутински проверки кои му се прават на секој излекуван пациент, дознала дека всушност во моментот е носител на вирусот и дека не може да донира. Оваа информација била шокирачка за сите, си помислиле да не е грешка, но набрзо се појавил уште еден ист случај.
Директорката на Општата болница Куманово, доктор Снежана Захариева, инаку специјалист анестезиолог, ја потврди информацијата и истакна дека самиот вирус за сите е непознаница, дека клиничките слики и интензитетот на сериозноста на случаите варира и дека единственото правило е дека нема правила.
– Не можам да негирам. И јас бев изненадена. Жената беше меѓу првите заразена, уште во времето кога почина првата пациентка од Ковид-19 во нашата болница. Се работи за болничарка од оддел за очни болести. Таа тогаш беше на инфективното одделение на испомош. Уште во првиот бран беше позитивна. Дома се лекуваше, примаше терапија, не може да се каже дека беше асимптоматска. И сега, на прашање што чувствува, рече дека чувствува блага малаксаност. Има и коморбидитети. Ова се откри при случајна проверка дека е повторно позитивна. А имаме и уште еден случај, станува збор за медицинска сестра на хирургија која беше асимптоматска и на 2 април беше позитивна. После се негативизираше, доби два негативни теста, појде на работа. И почна да развива симптоми, ја тргнавме од работа, лабораторијата беше чудна, како за ковид. И се направи повторно брис и излезе пак позитивна. Имаме два вакви случаи. Не еден. За каков колективен имунитет зборуваме? Мислевме да не е грешка, но кога се појави и вториот случај сфативме дека не е грешка. Болничарката отишла да дава плазма и видела дека е повторно позитивна – вели доктор Захариева.
Ново на Сител
-

Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска
-

Речиси 500 мигранти за два дена биле откриени во близина на грчкиот остров Крит
-

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата
-

Одбраната за „Онкологија“: За лекување на некои пациенти учествувале од три до осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност
-

ЈП „Лајка“ по повод Меѓународниот ден на кучињата: Односот кон животните е одраз на општеството што го градиме
-

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Никола Груевски
-

Ѓорѓиевски: Од паднатите дрвја на Водно - изграден нов моторички парк | ФОТО
-

Сали: Пораките на Кос за проширување на ЕУ се позитивен сигнал
