Боки 13: Заев ветувал дека ќе ја олесни положбата на осомничените во Империја

Во својата одбрана пред судот на денешното рочиште за Рекет, Јовановски вели дека сега осудениот во предметот, Зоран Милевски, му открил дека неколку пати со сопругата на Камчев имале средба со тогашниот премиер Зоран Зоран кој ветувал олеснување на положбата на осомничените во Империја. Според Јовановски, мислењето на Заев било дека поради предметот не требало да трпат бизнисите на осомничените.
Во својата одбрана, Јовановски наведе дека обвинителката Русковска имала негативен став за нејзината колешка Катица Јанева. Појасни дека Русковска од него барала неговата телевизија да снима луѓе кои обвинителката ги повикувала на распит.
Јовановски сведочеше дека за предметот Империја тој дознал од сопствената ТВ и дека за тоа не разговарал со Јанева.
Појасни дека со неа зборувал за лични работи, имала разбирање за неговата сексуална определба и ја нарече народна жена, чесна, непосредна и либерална.
Обвини дека Рекет е конструиран предмет за уривање на СЈО кое им пречело и на власта и на опозицијата но и за спас на Камчев.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
