Боки 13 вратен во „Шутка“ по укажаната лекарска помош

Бојан Јовановски (Боки 13) е вратен во притворот во затворот во Шутка, откако денеска колабираше за време на давање на исказот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред обвинител за предметот „Рекет“, во кој тој е првоосомничен.
Директорот на затворот „Скопје“, Есад Рахиќ за МИА потврди дека Јовановски е вратен во притвор по укажаната лекарска помош во ГОБ „„8 ми Септември“.
Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството.
Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека Јовановски колабирал и не бил контактибилен.
– Се случи непријатна сцена, она што се случува последните 40-50 дена, односно од кога е притворен. Почна да повраќа и колабираше, не беше котактибилен. Повикана е Брза помош и однесен е на понатамошна опсервација, не знам во која клиничка болница дали во „8 Септември“, рече Дуковски.
Тој посочи дека има мислење од Клиниката за торакална хирургија дека е неопходна хоспитализација на Јовановски заради целокупната здравствена состојба.
Дваесеттина минути по доаѓањето на Јовановски, во Обвинителството пристигна медицинската екипа и тој беше однесен во ГОБ „8 Септмеври“.
Освен Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски-Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
