Боки 13 останува во болница до понеделник
Боки 13 е во добра здравствена состојба и останува во болница до понеделник. Од ГОБ 8-ми септември каде Бојан Јовановски е хоспитализиран од вторникот, велат дека го примиле со упат издаден од доктор од истражниот затвор во Шуто Оризари.
-Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здравствена состојба. Бојан Јовановски во моментот е во добра општа состојба и здравствена кондиција а во установата ќе остане се додека не се комлетираат резултатите од спроведените испитувања, велат во соопштението од болницата.
Според информации на Сител на притвореникот Јовановски му била правена колоноскопија со анестезија како и други дијагностички процедури. Претходно, санитарниот здравствен инспекторат по надзорот во затворот утврдиле дека нема пропусти во неговиот здравствен третман а Боки 13 за 4 месеци колку што е во притвор дури 25 пати бил на лекарски прегледи.
Јовановски е првиосомничен во случајот Рекет и првото рочиште за овој случај е закажано за 3-ти декември.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?