Боки 13: Јас прв пријавив кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал

За ова обвинение дознав уште на 3 април 2019 година од тогашниот премиер Зоран Заев, изјави денеска во судот Бојан Јовановски, каде сведочи за предметот Рекет во кој е првообвинет.
Со овој случај, рече Јовановски, се тргувало и Катица Јанева била уценувана или дека ќе поднесе оставка или ќе се случува тоа што ќе се случува.
Јовановски рече дека на 3 април 2019 година Зоран Заев, му кажал дека него и Катица Јанева го следат странски служби и дека не знае што ќе прави.
– Точно е дека сум бил симпатизер на СДСМ и дел од шарената револуција. На тој ден во мојата канцеларија ми беше соопштено дека странски обвинител има подготвено обвинение. Штета што не беше вештачен мојот телефон, да се види дека јас прв пријавувам кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал, изјави Јовановски.
Според Јовановски, предметот Рекет е направен врз основа на личниот анимозитет на Рускоска против Јанева, за личен спас на Орце Камчев, врз основа на параполициска структура и нелегално следење, од интерес на подземјето на оваа држава, како и за уривање на телевизијата ТВ1 и СЈО.
Ново на Сител
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
-

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии
-

Вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени шест лица
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
