Боки 13 и Катица Јанева остануваат во затвор, Врховен ги одби нивните барања

Врховниот суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на пресудите за случајот „Рекет” на Бојан Јовановски и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Jанева.
– Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие, велат од Врховен суд.
Воедно, во јули минатата година Апелациониот суд – Скопје ја потврди пресудата на Кривичниот суд – Скопје за случајот „Рекет” со кој Јанева е осудена на казна затвор од седум години за „примање награда за противзаконито влијание“ и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Јовановски на девет години затвор за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка
-

Трамп: Данска не ја елиминира руската закана по Гренланд, време е да се направи тоа
-

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба
-

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд
-

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија
-

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Православните верници го слават Богојавление-Водици
-

Студено и сончево, минималната температура - 8, максималната 6
