Боки 13 е во добра здравствена состојба и останува во болница до понеделник
Боки 13 е во добра здравствена состојба и останува во болница до понеделник. Од ГОБ 8-ми септември каде Бојан Јовановски е хоспитализиран од вторникот, велат дека го примиле со упат издаден од доктор од истражниот затвор во Шуто Оризари.
- Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здравствена состојба. Бојан Јовановски во моментот е во добра општа состојба и здравствена кондиција а во установата ќе остане се додека не се комлетираат резултатите од спроведените испитувања, велат во соопштението од болницата.
Според информации на Сител на притвореникот Јовановски му била правена колоноскопија со анестезија како и други дијагностички процедури. Претходно, санитарниот здравствен инспекторат по надзорот во затворот утврдиле дека нема пропусти во неговиот здравствен третман а Боки 13 за 4 месеци колку што е во притвор дури 25 пати бил на лекарски прегледи.
Јовановски е првиосомничен во случајот Рекет и првото рочиште за овој случај е закажано за 3-ти декември.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина