Бојмацалиев: Пратката од 140.000 обрасци за пасоши пристигнува, наскоро уште една од 85.000
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев најавува дека нови 140 илјади обрасци за патни исправи пристигнуваат во земјава, а за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85 илјади обрасци.
- Би сакал да ве информирам дека пратката од 140.000 обрасци за патни исправи, како што најавив, е подготвена и е на пат кон Република Северна Македонија. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600. Никој ниту сега ниту порано саботираше некого. Ние сме тука за нашите граѓани „МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ”, вели Бојмацалиев во објава на Фејсбук.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра