Бојкот на бугарски воени пилоти, поради застарените „ловци“ МиГ-29

И покрај забраната за штрајк во бугарската армија, голем дел од пилотите на авионите-ловци „МиГ-29“ денеска одбија да спроведуваат тренинг-летови.
Пилотите од бугарската воена база Граф Игнатиево денеска не сакале да извршуваат летови поради застареност на авионите.
Според бугарските медиуми, денеска нема да се извршат планираните вежбовни летови, но ќе остане во сила дежурството. Припадници на единицата од воената авио-база масовно пријавувале дека не се чувствуваат психолошки подготвени за летови.
- Дел од пилотите во Граф Игнатиево искажаа неподготвеност во врска со летовите, главно поврзано со недоволно време за обука и летање, а летовите не се прекинати", потврди денеска бугарскиот заменик- министероза одбрана Атанас Запрјанов по состанокот на Советот на министри.
Во пракса, речиси сите летови за обука на МиГ-29 се замрзнати, а само дежурната двојка „ловци“ може да полета, во случај на нарушување на воздушниот простор на Бугарија..
Минатата недела беше соопштено дека 10 нови мотори за авионите МиГ-29 не може да се кортистат заради недостиг од оригинални протоколи од производителот. Во изминатите месеци повторно беше откажан проектот за купување нов воен авион и се очекува тендерот да биде објавен за една година.
- Не знам кој рекол дека нема да има нов „ловец“ - ќе има. Можеби некој вештачки ја создава оваа ситуација", изјави попладнево бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов. Сепак, тој потврди дека се залага прво да се изврши не само ремонт, туку и модернизација на советските борбени авиони, користени речиси 30 години.
Ново на Сител
-

ЦУК: Состојба по обилните дождови заклучно со синоќа во 21 часот, излевања на реки, поплави, одрони
-

Мицкоски во посета на Општина Гевгелија
-

Врнежи од снег на повеќе места, забрана за камиони на патот Струга- ГП „Ќафасан“
-

Дожд и снег на повисоките места, температурата од - 2 до 10 степени преку ден
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
