-->
-->
Бојата на урината говори многу за вашето здравје, предупредување кое не смеете да го занемарувате!
-->
Повеќето од нас не сакаат да зборуваат за нешта како што се урината или фецесот, но реалноста е дека овие секрети се важни за нашето здравје. Можеби не зборуваме за тоа, но сите знаеме дека премногу малку или премногу од овие секрети не се добри за нашето здравје
Постојат неколку работи кои на сите им се видливи при мокрењето. Можеби на мажите им е полесно да детектираат промени при мокрењето во писоарот или тоалетната шолја, но и на жените ако погледнат во шамичето со кое го избришале остатокот од урината. Покрај тоа, ако постои чувството на печење или болка при мокрењето, помислуваме дека би требало да провериме што точно излачуваме. Важно е да се знае што нам урината нѝ вели. Експертите велат дека урината е најлесниот начин на самопрегледувањето на нашето тело. Ако некаде во телото има проблем, тој ќе се појави во нашите секрети. Промените во миризбата и бојата се директни показатели за неправилното функционирање на нашите телесни системи.
Урината помага при наговестувањето за бременоста, внатрешните повреди или на некој проблем кој не може да се открие од надвор. Исто така, може да укаже на инфекции на уринарниот тракт или дехидрација преку промената на бојата на урината така што станува потемна и погуста, што укажува на тоа дека нивото на кофеинот или никотинот во нашето тело се зголемило, особено кај жените.
Покрај тоа, ако урината има чуден мирис, тогаш тоа е нормално. Знаеме дека звучи чудно, но чудниот мирис во урината е добар показател. Но, другите карактеристики, како овие веќе споменати, како што се болка или чувството на печење можат да укажат на тоа дека нѝ е потребен преглед колку што е можно поскоро.
Инаку, бојата на урината е или би требало да биде со бледо жолта боја. Тоа е затоа што содржи соединение со име билирубин, кое се создава со распаѓање на хемоглобинот. Но, урината ја менува бојата од многу причини, некои безопасни, но некои алармантни.
Најчестите бои на урината варираат:
Темно жолта: со оглед на тоа дека жолтата боја е нормална за урината, темно жолтата боја укажува на тоа дека лицето е заразено од дехидрација, бидејќи концентрацијата на соли е повисока од нормалната. Помалку вода ќе значи потемна жолта нијанса на урината, па пијте повеќе вода кога овој проблем се јавува.
Црвена: Оваа боја варира од нијансата на розовата до темно црвената боја. Тестот може да специфицира дали урината содржи крв или згрутчување на крвта, како што е хемоглобинурија. Но, ова е сериозен проблем кој би требало да го проверите што е можно поскоро. Може да се случи поради било која инфекција на мочниот меур, поради уринарниот тракт или мочниот канал. Исто така, кај мажите со рак на простата, или мочниот меур кај двата пола, или дури и напорните вежби може да резултира урината да е со црвена боја.
Кафеаво црна: Ова е, исто така, боја, која може да варира од кафена до црна. Може да има потемна нијанса на црвена боја. Но, оваа боја се појавува како резултат на неправилното работење на црниот дроб и состојбата како што се хепатитис, блокада на жолчниот канал, тумор или дури и цироза на црниот дроб, бидејќи билирубинот се појавува во урината. Исто така, сериозна состојба, како што се хемолитична анемија или меланом можат да предизвикаат урината да биде со кафеаво црна боја.
Портокалова: Многу лекови можат да предизвикаат урината да биде портокалова. Исто така, прекумерната потрошувачка на цитруси/агруми или моркови може да биде причина за портокаловата урина.
Урината е показател за проблем, па затоа проверете ја од време на време. Многу луѓе ги игнорираат овие очигледни знаци и ризикуваат развој на сериозни болести.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Денеска се празнува Св. великомаченик Мина
-
„Конзулката од Битола“- кукла робот во Градското шеталиште
-
Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва
-
Телото на исчезнатиот израелски рабин Зви Коган пронајдено во ОАЕ
-
Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1
-
Вооружен маж застрелан, тројца полицајци повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан
-
Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА
-
Бајден го нарече „историски“ договорот постигнат на КОП29