Боиченко: Мариупол се соочува со хуманитарна блокада
Градоначалникот пристанишниот украински град Мариупол, Вадим Боиченко, изјави дека неговиот град се соочува со „хуманитарна блокада“ поради недостиг на основните комунални услуги.
-Руските воени единици ги прекинаа сите 15 далноводи до градот, па тој веќе пет дена е без струја, изјави Боиченко за украинската телевизија.
Тој додаде дека луѓето од зимата се тресат во своите станови бидејќи сите топлани се напојуваат на електрична енергија.
-Ниту мобилната комуникација не работи без струја, објасни тој.
Уште пред почетокот на војната, главниот градски водовод бил затворен, па пет дена по почетокот на инвазијата, сите резерви на вода биле исцрпени.
Боиченко ја обвини руската страна дека методолошки пристапува кон исклучување на сите комунални услуги и со тоа го зголемува притисокот.
Тој ја обвини и руската армија дека пука врз автобусите што требаше да ги евакуираат цивилите од градот преку хуманитарен коридор. Од 50 автобуси останаа само 20, рече Биоченко.
-Можеби нема да имаме автобуси до следната можност за евакуација, рече тој.
Оваа информација не може независно да биде потврдена, јави ДПА.
Градоначланикот на Мариупол уште еднаш упати повик за воспоставување коридори за евакауција на старите, жените и децата од градот.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала