-->
-->
„Бои и текстури - Close up“ изложба на Искра Антова
-->
Во Јавна соба во Скопје вечер ќе биде отворена првата самостојба изложба на фотографии на Искра Aнтова „БОИ И ТЕКСТУРИ - Close Up".
Тема на фотографиите на оваа изложба се мали плохи од 30 х 30cm. Претставени се преку „close up” фотографија која ја преокупира последниве две години.
Фотографиите се апстрактни, а дел и асоцијативни. Не се обидува да створи илузија на простор туку напротив, со намера, цврсто се држи до дводимензионалноста на фотографијата. Динамиката ја гради со контраст помеѓу боја-обезбоено, рамно-текстура, светло-темно, валкано-чисто и со игра на различни бои, со цел преку издржан избор на елементи кои се сфера на интересирање и преку минуциозно кадрирање, да постигне идеална рамнотежа.
При изборот на елементи, авторот се одлучи да влезе во светот кој за обичниот човек не е видлив, не е достапен или едноставно секојдневно го одминува и не го забележува. Тоа се скопските ѕидови, огради, контејнери, трафостаници.... некогаш облагородени со графити, некогаш извалкани, некогаш нагризени од времето, некогаш со искинати и излитени плакати.
Антова Искра во последниве седум години работи како соработник на повеќе проекти во областа на фотографијата, видеото, 3Д анимацијата и дизајнот. Инаку авторот произлегува од школата за фотографија на професорот Владимир А. Вељановски, кој како директор на филмска фотографија, академски сликар и ликовен педагог и го отвора патот за нејзино професионално работење како фотограф и видеограф.
Изложбата ќе биде поставена во Јавна соба до крајот на септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица